Украинското Министерство за енергетика и Министерството за надворешни работи изразија „длабоко разочарување” од одлуката на Канада да и ја врати на Германија поправената турбина за гасоводот Северен поток.
Украинското Министерство за енергетика упати апел до канадската администрација да ја повлече одлуката бидејќи враќањето на турбината значи „санкциите кон Москва да бидат во согласност со желбите на Русија”.
Шефицата на канадската дипломатија Мелани Џоли вчера изјави дека Отава го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека нема да попушти под притисокот на Москва.
Минатиот месец Русија соопшти дека е причината за 40 отсто намалениот проток на гас во Германија е поради турбината што е на сервис во Канада.
Кремљ на 8 јули најави дека ќе ги зголеми испораките на гас во Европа доколку турбината биде вратена од Канада.
Сименс денеска соопшти дека работи на тоа што поскоро да ја доведе турбината до гасоводот Северен поток.
Портпаролот на германската Влада изјави дека Берлин ја поздравува „одлуката на канадските пријатели и сојузници”.