Полицајци направија сообраќајка на крстосницата близу крстот во Аеродром. Тие со службено возило се судрија во возило марка „сеат алтеа“.
Засега е познато дека е причинета поголема материјална штета, но нема информации за повредени лица.
Крстосницата е делумно затворена за сообраќај. Увид прават екипи на МВР. Парчиња од автомобилите има и на булеварот.
Причините како дошло до сообраќајката, засега не се познати.