Штрајк на вработени во Амазон во Германија

Вработени во Амазон престанаа со работење на неколку локации во Германија по повик за штрајк од синдикатот Верди, јави ДПА.

Според Верди, штрајкот започна на почетокот на ноќната смена и се очекува да трае до среда. Верди не соопшти кога е планирано да се стави крај на штрајкот.

Синдикатот бара Амазон да го признае колективниот договор за секторите за трговија на мало и нарачки по пошта, како и да се склучи колективен договор.

Амазон не очекува застојот во работата да има какво било влијание врз клиентите.

Повикот за штрајк се однесува на седум дистрибутивни центри во Грабен близу Аугсбург, Лајпциг, Кобленц, Рајнберг, Верне и на две локации во Бед Херсфилд.

Треба да знаете
Последни објави