Бројот Украинци кои влегуваат во земјите на ЕУ се врати на предвоеното ниво, т.е. уште пред почетокот на руската инвазија, а повеќе луѓе ќе се вратат со почетокот на новата учебна година, изјави европскиот комесар за внатрешни работи.
Повеќе од шест милиони луѓе ја напуштија Украина и побараа засолниште во земјите-членки на ЕУ по почетокот на руската инвазија во февруари, објави „Фронтекс” на крајот на јуни. Од нив 3,1 милиони се вратиле назад.
„Во однос приливот на бегалци ситуацијата сега е стабилна. Бројот премини од Украина кон ЕУ е на предвоено ниво и на ниво пред пандемијата на Ковид-19, така што се вративме на нормалната, вообичаена бројка премини”, рече комесарката Илва Јохансон.
Според неа, речиси идентичен е бројот Украинци кои влегуваат во ЕУ и се враќаат во земјата.