Дидие Лалемент, назначен во март 2019 година за префект на париската полиција, високиот функционер со оспорувцани методи за управување со кризи треба да ја напушти функцијата на 20 јули. Неговиот наследник се уште не е познат, јави дописникот на МИА.
Префектот на париската полиција наскоро ќе ја напушти функциите, дозна Фигаро. Датумот на 20 јули е утврден пред десет дена, според „Монд”, но „најверојатно ќе се промени во случај на непредвидени настани или виша сила”, ова според извор од Министерството за внатрешни работи на Франција. Името на неговиот наследник се уште не е познато.
Назначен вна 21 март 2019 година, Дидие Лалемент го замени Мишел Делпуех, заменет поради неговото управување со демонстрациите на жолтите елеци, а особено за насилството и грабежите извршени на Шанзелизе на 16 март 2019 година. Со три години и речиси четири месеци, мандатот на Дидие Лалемент е најдолг од оној на Мишел Годен (2007-2012).