Братот на иранскиот претседател Хасан Рохани, осуден е на затворска казна поради корупција.
Иранските медиуми не прецизираат за должината на казната на Хосеин Фереидон, против кого уште во 2016 година беа поднесени обвиненија за финансиски криминал.
Фереидон, инаку и близок соработник на претседателот, има право на жалба. Судскиот процес против него почна во февруари, а тој беше ослободен со кауција за да се брани од слобода