Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Тодор Чангов” број 48 и „Ѓорѓи Капчев” број 1 во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од булевар „Борис Трајковски” на влезот кон населба Усје во Општина Кисела Вода.