Голем дефект на далековод во скопската општина Ѓорче Петров ги остави предмалку жителите на Волково, Ново Село и Стопански Двор без електрична енергија.
Ова од ЕВН го потврдија за Плусинфо и велат дека сите дежурни екипи се упатени кон далеководот.
– Се работи за голем дефект на далековод. Нашите дежурни екипи се веќе излезени на терен и работат на решавање на проблемот. Засега не се знае колку време ќе одземе поправката, односно кога повторно граѓаните ќе можат да користат струја – велат од ЕВН.