МАКЕДОНИЈАСилно полициско обезбедување на плоштадот кај МавровкаОбјавено пред 3 минути – 12 јули, 2022Од Макфакс
Засилено е полициското обезбедување кај ТЦ Мавровка пред денешниот протест против францускиот предлог.
Според најавата, собирното место е пред Владата во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.
Последен пат кога демонстрантите одеа по оваа рута имаше пиштоли и хаос.
Орагнизаторите на протестот претходно денес апелираа на мирно и достоинствено протестирање. Упатија апел и до министерот Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање.