Со своите неодговорни, нечесни постапки, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станаа синоним за блокади, протести, бојкоти и закани.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години прават сè за државата да не напредува, да не стане дел од Европската унија, да биде повторно изолирана и внатрешно поделено.
На граѓаните им е совршено јасно дека токму тие се главниот виновник за блокадите на сите процеси, мерки и политики што обезбедуваат подобар живот.
Поради таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не може да се донесе ребаланс, да се зголемат плати во важни сектори, да се реализира реформскиот процес.
Може ли Мицкоски макар еднаш да постапи конструктивно и да се стави на страната на интересите на граѓаните и државата?
Факт е дека маме добри заклучоци, имаме јасна визија за европската иднина, редно е Мицкоски барем еднаш да постапи во интерес на државата и граѓаните, да придонесе во овој процес, да престане да блокира и опструира и да застане на вистинската страна.
На Мицкоски одамна требаше да му стане јасно дека и со него и без него, иднината на Северна Македонија и нејзините граѓани е во ЕУ.