На 12.07.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалниот пат во с.Горна Црцорија, кривопаланечко, патничко возило „опел мерива”, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ц.А.(26) од Крива Паланка, излетало од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, а двајцата сопатници М.А.(30) и В.С.(34), двајцата од Крива Паланка, се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ во Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.