Обвинетите за атентатите во Брисел и Париз префрлени во затвор во Белгија

Двајцата преживеани обвинети за терористички атентат во Париз и Брисел во 2015 и 2016 се префрлени во затвор во Белгија, потврди белгиското федерално обвинителство.

Информацијата беше прво лиферувана во медиумите, пред малку белгиското обвинителство преку соопштение потврди дека обвинетите Мохамед Абрини и Салах Абдеслам “се или ќе бидат префрлени” во затвор во Белгија.

Од безбедносни причини властите не можат да соопштат дали тоа веќе се случило или ќе се случи и кога.

Салах Абдеслам се префрла од затворот Флери Мерожи во Париз, каде му се судеше за атентатите во ноември 2015. Абдеслам е единствениот преживеан од терористичките напади во француската престолнина. Во Франција тој беше осуден на доживотна затворска казна на 29 јуни. Осудениот е обвинет за учество во подготовката на нападите на терористичката група во март 2016.

Мохамед Абрини ги преживеа атентатите во Брисел во март 2016, тој е снимен на безбедносните камери на аеродромот во Брисел на 22 март 2016.

Судењата за терористичките напади во Брисел ќе започнат наесен.

Треба да знаете
Последни објави