Врз основа на средногодишниот индекс на „Numbeo“, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот.
Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека“, јави „Ора њуз“.
„Numbeo“ го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, каде повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс.
Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него е Тирана.
Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.
„Глобалниот бран на поскапувања ги зголеми трошоците за живот насекаде во светот. Оваа инфлација, која во најголем дел не е придружена со зголемување на приходите, се очекува да ја зголеми сиромаштијата насекаде во светот“, констатира телевизијата.