Се запалил автобус со ученици кај Стража

Според информациите од СВР Охрид синоќа се случил пожар на автобус со ученици, но за среќа нема повредени.

-На 12.07.2022 околу 19.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема.

Треба да знаете
Последни објави