Пратеникот Димитар Апасиев од „Левица“ ѝ остави транспарент на кој пишува „Не“, на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен кога таа порача прифаќање на францускиот предлог.
По ова, кога фон дер Лајен посочи дека нема сомнеж дека македонскиот јазик е македонски јазик, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кренаа транспаренти во знак на неприфаќање на предлогот.
Апасиев извади и свирче со кое свиреше додека фон дер Лајен зборуваше. Со ова, тој искажа револт кон предлогот на францускиот предлог.
МТВ ги сврти камерите и го цензурираше потегот на пратеникот на Левица!
Говорот на фон дер Лајен е во тек. Пратениците од владеачкото мнозинство аплаудираа, додека опозицијата реагираше.