Претседателот на Италија не ја прифати оставката на премиерот Драги

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција до италијанскиот претседател Серџо Матарела откако неговата партија која е дел од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба.

Сепак, Матарела не ја прифати понудената оставка. Тој го замоли Драги да се обрати до Парламентот и таму да се направи проценка на моментната политичка ситуација во земјата, пренесува „Ројтерс“.

„Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ја извршувам функцијата“ е ставот на премиерот на Италија.

Треба да знаете
Последни објави