Иако тренерот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Лучијано Спалети веќе го најави пристигнувањето на дефанзивецот од Фенербахче, Ким Мин-џае за наследник на Калиду Кулибаи, турскиот клуб соопшти дека за својот играч веќе се договорил за трансферот со Рен.
Откако столбот на одбраната Кулибали го напушти Наполи и замина во Челзи, италијанскиот клуб е во потрага по негова замена. Изборот падна на јужнокорејскиот репрезентативец Ким, чија откупна клаузула е 20 милиони евра.
Италијанските медиуми објавија дека „наполитанците“ можат да го доведат за околу 15 милиони евра и дека сите се убедени дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови со клубот.
Сепак, според турските и француските медиуми, Фенербахче веќе ја прифатил понудата да го продаде својот дефанзивец на Рен за 18 милиони евра.
Фенербахче очигледно веќе донел одлука, останува само Ким да одлучи дали ќе го прифати трансферот во Франција или ќе го убеди својот клуб да започне преговори со Наполи.