Тинејџер на мотор загина по судир со трактор

На 14.07.2022 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во Слатино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од Л.Ш.(19) од Теарце и трактор со приколка без регистарски таблици, управуван од А.С.(60) од Слатино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничкиот центар во Тетово, по што бил пренесен во Комлексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје каде починал.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави