Боки и Катица нема да му платат отштета од 1,5 милиони евра на Камчев

Кривичниот суд ја одби тужбата на бизнисменот Орце Камчев, кој бараше од Бојан Јовановски Боки 13, Катица Јанева и државата, да му вратат 1,5 милиони евра.

Според судијата, Камчев нема статус на оштетен во кривичната постапка во случајот „Рекет“ и несовесно постапувал кога ги давал парите и бил свесен дека тоа е кричино дело.

Бизнисменот Камчев има право на жалба пред Апелациониот суд.

Треба да знаете
Последни објави