Момче на возраст од седум година и неговата 24-годишна сестра ги загубија животите за време на огномет по повод Денот на Бастија во Франција. Трагедијата се случи во францускиот град Шоле на западот на земјата.
„Ракетата експлодира меѓу насобраните луѓе“, изјави градоначалникот Жил Бордоло, пишува „Би-Би-Си“. Тој додаде дека жртвите заедно со останатите членови на семејството се наоѓале на 50 метри од местото од кое бил истрелан огнометот.
Експлозијата предизвика паника, луѓето почнаа да бегаат, додека тревнатите површини околу местото беа во пламен.
Момчето, според француските медиуми, починало на лице место, а неговата сестра нешто подоцна како последица на инфаркт. Во трагичниот настан се повредени седум лица.
Локалните обвинители покренаа истрага за убиство од небрежност. Јавниот обвинител Ерик Булар за „Паризиен“ изјави дека неговата истрага покажала оти еден од блоковите на огнометот бил во дефект.
MAINE-ET-LOIRE : Un garçon de 7 ans et sa soeur de 24 ans ont été tués dans un "incident de tir" lors du feu d'artifice du #14Juillet à #Cholet. pic.twitter.com/SMrSak0fKQ
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) July 15, 2022