СДСМ ја осудува споредбата на Европската унија и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен со нацистите и нацистичкиот режим, направена од собраниската говорница од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Скандалозно, срамно и за секаква осуда е тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го резилат Собранието, но и директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија и го нарушуваат угледот на државата.
Освен што работат против интересите на Македонија и на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ застанаа против целата Европска унија.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за ова сканадлозно однесување, да се откажат од својата деструктивност, антиевропско делување и манипулирање на јавноста со лаги и невистини.