Србинот Бобан Илиќ, кој на 1 мај предизвика сообраќајка во Германија во која загина едно лице, се бранел во полицијата дека не возел тој, туку неговиот совозач. Според германските медиуми, тој го возел автомобилот „BMW 640 D“ на автопатот А1 кај Хамбург кога се враќал од свадба во 2.30 часот. Но, како што дознава Блиц, Илиќ учествувал во нелегална улична трка, но не било објавено со кое возило се тркал и кој го возел автомобилот.
Сепак, Илиќ се обидел да го обвини својот придружник за судирот во кој загина возач на „форд фокус“, кој по ударот завршил 180 метри од местото на судирот. Но вештачењето покажало дека зад воланот на „BMW“ бил Илиќ. За реконструкција на несреќата бил користен 3D ласерски скенер, а алко-тестот покажал дека во времето на несреќата имаше 0,4 промили алкохол во крвта.
Илиќ е уапсен и во притвор, а му се заканува казна до десет години затвор.
Во Германија дозволеното ниво на алкохол во крвта е 0,5 промили, па Илиќ се товари за опасно возење бидејќи возел со преголемаа брзина.