Во градот Архус во Данска вчера беа погребани трите ќерки на данскиот милијардер Андерс Повлсен, кои загинаа на 21 април, на католичкиот Велигден во напад на бомбаши-самоубијци во Шри Ланка.
Додека телата на Алфреда, Алма и Агнес пристигнуваа во ковчези украсени со цвеќиња, Андерс Повлсен ја тешеше сопругата Ана и ќерката Астрид, кој го преживеа нападот.
Меѓу собраните луѓе на погребот беа членовите на кралското семејство на Данска и премиерот Ларс Локке Расмусен.
Повлсен со семејството престојувал во хотелот „Шангри-Ла“ во Коломбо, главниот град на Шри Ланка, кога крвавиот напад го изведоа бомбаши-самоубици Захран Хашим и Илхам Ибрахим, син на богат трговец на зачини.
Се верува дека Повлсен(46) исто така е повреден во нападот, но никакви детали не се познати.

Тој е сопственик на меѓународниот синџир продавници за облека Бестселер (кој ги вклучува модните брендови Веро Мода и Џек & Џонс), најголем акционер на британската онлајн продавница ASOS и втор по големина акционер на германската онлајн продавница Zalando.
Повлсен е познат под прекарот “Сопственик на Шкотска”, па дури и “Кралот на Шкотска”. Имено, овој Данец е сопственик на речиси 900 квадратни милји земјиште во Шкотска. Според Форбс, богатството на Повлсен се проценува на 7,9 милијарди долари, од кои речиси четири милијарди долари доаѓаат од Бестселер.



