Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике објави видео на социјалните мрежи со кое објави дека заминува од „Камп Ноу“, според неговата изјава тој не само што заминува од Барселона туку го напушта и спортот.
Пике во емотивното видео зборува дека ќе го одигра последниот натпревар на стадионот Барселона.
„Ми се остварија детските соништа, а сега дојде време за крај. Секогаш зборував дека за мене нема друг клуб освен Барселона и така ќе остане. Оваа сабота ќе го одиграм последениот натпревар на „Камп Ноу“, изјави Пике.
Иако се почесто натпреварите на Барса ги следеше од клупата за резервни фудбалери, тренерот на Шпанија, Луис Енрике пред неколку дена изјави дека можно е да го повика и Пике во тимот за Катар, но со објавата на легендата на Каталонците, нејасно е дека тоа нема да се случи.
Culers, us he de dir una cosa. pic.twitter.com/k3V919pm1T
— Gerard Piqué (@3gerardpique) November 3, 2022