Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хонг Мин, нема да биде во составот на лондонскиот премиерлигаш за натпреварот против Ливерпул, бидејќи мора на операција поради повреда, објави денеска неговиот клуб.
Јужнокорејскиот напаѓач предвреме го напушти теренот на дуелот против Олимпик Марсеј во Лигата на шампиони поради повреда на мускул на лицето.
– Можеме да потврдиме дека Сон доживеа повреда на мускул на лицето и оти наскоро ќе биде опериран. Тој ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул, но ќе настапи за репрезентацијата на Јужна Кореја на Светското првенство. Јавноста ќе биде информирана за текот на неговата рехабилитација, соопшти Тотенхем.
Премиерлигашкото дерби меѓу Ливерпул и Тотенхем е закажано за в недела со почеток во 17 часот.