Индија го потврди својот прв смртен случај од мајмунски сипаници, објавија властите во индиската држава Керала.
Човекот починал во саботата, а неговото семејство им кажало на локалните власти дека бил позитивен на мајмунски сипаници додека бил во Обединетите Арапски Емирати на 21 јули, објави Ројтерс.
Керала се наоѓа во југозападна Индија и има 33 милиони жители, што ја прави 13-та најнаселена држава во Индија.
Од регистрирањето на првите случаи во мај, до денес, во светот се потврдени повеќе од 23.000 случаи, а пациенти починале во Нигерија, Централноафриканската Република, Шпанија, Бразил, Гана и сега во Индија,пренесе Телеграф.рс.