Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Владо Мисајловски, а во состав на пратениците Тони Јаревски и Бети Стаменковска Трајковска положија свежо цвеќе на спомениците на првиот претседател на АСНОМ и Македонија, Методија Андонов Ченто, споменикот на Никола Карев и споменикот Жена борец во Скопје, како дел од чествувањето на државниот празник Илинден.