Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски денеска треба да ги мине лекарските прегледи и да се приклучи на Фенербахче, предводен од легендарниот Жорге Жесус. Алиоски во редовите на турскиот гигант Фенербахче ќе мине една година како позајмен играч од саудискиот клуб Ал-Ахли со кого има договор до 2024 година. Алиоски за една година во Фенербахче ќе заработи 2,4 милиони евра.
Не е познато дали Фенер ќе има право на откуп на договорот на Алиоски по истекот на позајмицата на крајот од сезоната. Алиоски простигнува во Истанбул откако го послушал советот од својот репрезентативен соиграч Елиф Елмас кој беше дел од тимот на Фенербахче пред да се пресели во Наполи.
Левоногиот фудбалер има настапувано и за Лидс Јунајтед и Шафхаузен.