Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ испрати честитка до граѓаните, по повод 2-ри Август – Денот на Републиката.
„Нека е честит и вековит 2-ри Август – Денот на Републиката!
Илинден – темелот на македонската државност, паметник на минатото и светилник кон иднината.
Денеска оддаваме почит на херојските предци, илинденци, револуционери, асномци. На сите кои со својата визија, храброст и одлучност го трасираа патот кон создавање на слободна современата, самостојна и демократска македонска држава.
Да се обединиме и заедно да ја градиме татковината како наш заеднички дом, напредна, просперитетна, европска.
Илинден е нашата сила за европска иднина.
Нека е за многу години!” стои во честитката на генералниот секретар Зечевиќ.