Максим Димитриевски положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во Пелинце

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска заедно со делегација од Општината присуствуваше на одбележувањето на големиот македонски државен празник  2 Август – Илинден во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце каде пред споменикот на АСНОМ положи свежо цвеќе.
Во Пелинце, исто така покрај делегација на граѓанското здружение “За Наше Куманово” и делегација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово ЗАПВАРС, присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.
Треба да знаете
Последни објави