Хрватскиот повеќекратен фудбалски шампион Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовки кои во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите го елиминираа македонскиот првак Шкупи, доколку во третата рунда го елиминираа бугарскиот Лудогорец за пласман во групната фаза од елитното натпреварување ќе играат против подобриот Бодо Глимт или Жалгирис. Вака одлучи денешната ждрепка во Нион, седиштето на УЕФА.
Српскиот првак Црвена звезда во евентуалниот плејоф за настап во групната фаза од Лигата на шампионите, ако претходно го минат ерменскиот Пјуник, ќе игра со Макаби Хаифа или со Аполон од Кипар.
Еве ги двојките што беа извлечени во Нион за плејофот по кој победниците ќе играат во ЛШ:
Пат на шампионите: Карабах/Ференцварош – Шериф/Плзењ, Бодо Глимт/Жалгирис – Лудогорец/Динамо Загреб, Макаби Хаифа/Аполон – Црвена звезда/Пјуник, Копенхаген – Трабзонспор
На популарниот „League Path“ има само две двојки. Победникот од двомечот меѓу Динамо Киев и Штурм да игра со подобриот од двомечот Бенфика – Митјиланд и Унион Сент Жилоа, или Глазгов ренџерс против Монако, или ПСВ Ајднховен за место во Лигата на шампионите.