Бугарскиот претседател Радев телефонски му го честитал Илинден на претседателот Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев по повод Националниот ден на Република Северна Македонија – 2 Август.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за МИА потврдија дека имало телефонски разговор со претседателот Радев, кој бил протоколарен. Како што појаснија, претседателот Радев се јавил да го честита празникот Илинден.

Треба да знаете
Последни објави