Не успеа обидот на власта да ја обвини ЕУ за сопствениот неуспех, ниту ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за националните интереси.
СДСМ во изминатиот период додека се подготвуваше да ги распродаде националните интереси имаше две цели. Првата да ја обвини ЕУ дека е виновна за лошата состојба во која се наоѓа Македонија, и втората да го обвини ВМРО-ДПМНЕ преку нивните инсталации во опозицијата дека недоволно се бори за Македонските национални интереси.
СДСМ повеќе години водеше хајка против ЕУ, а најеклатантен пример беше нападот врз поранешниот Француски амбасадор во Македонија, г. Тимоние.
Дополнително власта преку свои инсталации во опозицијата и платен полу свет се обиде да прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ недоволно се бори за националните интереси, и дека треба да биде порадикална. А, истовремено самото СДСМ да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека е радикално.
И двете цели на власта не успеаја. Народот го препозна предавството. Но и дека никој од надвор не е виновен за предавствата кои ги прави СДСМ, туку самото СДСМ, т.е. Заев, Пендаровски, а сега со нив и Ковачевски.
СДСМ преку предавството сакаат да се спасат и да се одржат на власт ден повеќе, а истовремено кревајќи димна завеса дека тие што се против нивното предавство одработуваат за трети држави.
Фактите се поинакви. А тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ е првата проевропска партија во Македонија, која ги стави темелите и на независна Македонија, со стремеж за сопствена држава, кога сегашното СДСМ се плашеше да помисли на независност. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е проевропска партија, а СДСМ се лажни европејци. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за европска Македонија, но достоинствена, а не понижена. Патот до неа е преку референдум, од кој власта очајно бега.