Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на ГП Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути.
Како што информираат од АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.