Инфлацијата во Турција веројатно повторно се забрзува. Скокна на нивото од азиската финансиска криза во 1997 година, додека централната банка го држи својот ултралабав монетарен курс.
Растот на цените за потрошувачка веќе ги принуди официјалните лица и економистите да ги сменат своите прогнози, затоа што напорите да се стабилизира лирата се невозможни, во време на конфликт меѓу Украина и Русија цените на енергијата и на храната забрзано растат.
Денешните официјални податоци зборуваат дека годишната инфлација минатиот месец достигна нешто помалку од 80%, а во јуни била 78,6%. Според проценките, во Истанбул цените пораснале за неверојатни 99% од јули минатата година.
„Ако оваа монетарна политика продолжи, ќе биде невозможно да се надмине инфлацијата“, рече Огедаи Топкулар. „Монетарната политика на Турција е неиздржлива“.
Турција се наоѓа зад некои земји како Зимбабве, Венецуела и Либан, каде што темпото на растот на цените надмина три цифри.