Русија била и останува подготвена да го реши украинскиот проблем по дипломатски пат, но Москва ќе го стори тоа под свои услови и тие ќе бидат исполнети на овој или оној начин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Навистина, Русија беше и останува подготвена да го реши украинскиот проблем дипломатски – по свои услови. Овде едноставно е соодветно уште еднаш да потсетиме дека овие услови се договорени во Истанбул. А за нив се согласија и двете страни – преговарачите на Русија и Украина“ – посочи тој.
Портпаролот на Кремљ потсети дека подоцна Киев се откажал од овој договор и скршнал од преговарачката патека.
„И да, Русија е подготвена за преговори. Нашите услови ѝ се добро познати на украинската страна. Вака или онака ќе бидат обезбедени“, заклучи Песков, пренесе Новости.рс.