Ракометарите на полскиот шампион Кjелце се пласираа на Фајнл фор турнирот во Келн, иако загубија 35:26 во Париз, но ја одбранија предноста од десет гола од првиот натпревар. Ракометарите на ПСЖ, предводени од тренерот Раул беа на чекор до сензационален пресврт па во 56 минута имаа напад за 12 разлика, но до крајот не дадоа гол, а примија два па гостите славеа во Париз.
Французите од самиот старт тргнаа жестоко и решително,па на полувремето имаа предност од 18:11, а разликата се зголемуваше и вo вториот дел. Предноста на гостите беше анулирана во 50 минута, но не беше доволно за целосен триумф.
Најдобар кај победникот беше Ремили со 13 гола од 15 обида, Абало и Генсхајмер дадоа по пет, а Хансен заврши со четири гола и воедно со црвен картон. Кај Киелце, Циндриќ даде шест гола, Кулеш беше стрелец на пет, додека Душебаев, Агинагалде и Јанц дадоа по четири.



