Во Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје се прават завршните подготовки пред почетокот на Европското првенство за ракометарки.
Се внимава на сите детали за ракометарките, службените лица, новинарските екипи, публиката и другите инволвирани да имаат идеални услови за време на престојот во салата.
Во македонската престолнина ќе се играат натпреварите од Ц-групата во која покрај македонската репрезентација се и селекциите на Франција, Романија и Холандија.
Покрај Скопје, домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се и Подгорица (Црна Гора), Љубљана и Целје (Словенија).
Женскиот континентален ракометен собир почнува утре (4 ноември) и ќе трае до 20 ноември.