Репортерката на „Ен-би-си“, Тори Јоргеј, ја удри автомобил за време на пренос во живо. Таа потоа станал и заврши со прилогот за студено време.
Додека известувала, автомобил налетал на неа одзади и ѝ ја срушил камерата. Тори неколку моменти не се гледала на екранот, а водителот во студиото бил видно вознемирен обидувајќи се да сфати што се случило.
Но по неколку моменти, Тори повторно се појавил пред камера и продолжи да известува како ништо да не се случило.
„Сè е во ред, сите сме добро“, повтори новинарката обидувајќи се да ја смири шокираната жена возач што удри во неа.
„Ова е мојата последна недела на работа, па се разбира дека ова се случи“, се пошегува 25-годишната Тори.