Заврши забрзаниот годинашен ритам од лигашкиот дел во групната фаза од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Во првата осминафинална нокаут-рунда половина од учесниците во ждрепката за двојките која ќе се одржи в ппонеделник во Нион ќе бидат тимови од Англија (Челзи, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул) и Германија (Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Франкфурт, Лајпциг).
Реал Мадрид ја одбрани честа на шпанските клубови и ќе ја продолжи со одбраната на титулата. Групната фаза не ја поминаа Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља.
Италија исто така може да биде задоволна. Пласман во следната фаза обезбедија Милан, Интер и Наполи, а на тестот „падна“ само Јувентус. Португалија ќе има двајца претставници (Бенфика и Порто), а по еден клуб ќе има од Белгија (Бриж) и Франција (ПСЖ).