Жителите на Србија живеат во станови со квадратура несоодветна за удобен и конфорен живот, покажува официјалната европска статистика.
Според Евростат, т.н. стапка на пренатрупаност во Србија е 57,7 отсто. Тоа значи дека повеќе од половината луѓе во таа држава немаат адекватна големина на просторот во кој живеат.
Покра тоа, загрижува и податокот дека Србија врз основа на тој податок значајно назадувала во изминатите две години. Посебен проблем е што 70 отсто млади од 16-29 години живеат во пренатрупани станови.
Во Европската унија, тој показател е нависок во Романија – 47,9, што значи дека секој втор Романец живее во недоволно голем простор. Следуваат Бугарија – 43,5 отсто, Хрватска – 41,4 отсто.
Како што укажува Евростат, стапката на пренатрупаност е процентот на население кое живее во пренаселено семејство. Се смета дека лицето живее во такви услови ако домаќинството нема минимален број на соби достапни според следниот принцип:
– една соба за секој пар
– една соба за едно лице постаро од 18 години
– една соба за двајца браќа или две сестри на возраст од 12 до 17 години
– една соба по лице на возраст од 12 до 17 години
– една соба за две деца на возраст под 12 години.