Столе Стоилов не ги криеше емоциите по новиот огромен успех кој го оствари Вардар, и тоа во ситуација кога многумина го потценија и го отпишаа од потенцијалните кандидат за највисок пласман во Лигата на шампионите.
Вардар успеа да го преживее „пеколот“ во Сегед и трета година по ред се пласираше на завршниот турнир во најелитното ракометно натпреварување, а овие играчи на македонскиот првак докажаа дека имаат огромно срце во ситуација кога цели девет месеци немаат примено плата. Ракометарите на Вардар беа еуфорично по крајот на средбата и Милосављев и Стоилов разговараа со новинарот на „Балкан Хендбол“, а при споменатото интервју интересна порака испрати нашиот капитен.
– Малиот е доктор, само така нека продолжи. Нека ослабне 10 килограми и тоа е тоа, – во свој стил порача Столе, а потоа беше доста посериозен.
– Сите не отпишаа на почетокот на сезоната, а видете што се случува тука. Ова е страшна победа за нас, цела сезона имавме потешкотии, но покажавме карактер, покажавме дека ракометот не е само пари, – додаде Стоилов кој остана и без текст.