Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му ја честита денеска на Стево Пендаровски победата на претседателските избори, а на граѓаните на Северна Македонија им честита за слободните и демократски избори, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку објава на Фејсбук, Харадинај порача дека Косово останува посветено на јакнењето на соработката со соседната земја, „за доброто на двата народа, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива”
– Честитки за граѓаните на Северна Македонија за слободните и демократски претседателски избори. Во оваа прилика му честитам и на избраниот претседател, Стево Пендаровски. Косово е секогаш подготвено за јакнење на соработката и унапредување на добрите односи со Северна Македонија, за доброто на двата наши народи, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива, напиша Харадинај.