Лавров ги критикува американските потези кон Венецуела пред разговорите во Помпео

САД спроведуваат кампања без преседан за соборување на легитимните венецуелски власти, вели рускиот министер за надворешни работи Серјгеј Лавров, пренесува РТ. Тој истакна дека е типично за Вашингтон да им каже на нациите дека водат војна, но и дека американските намери се добри.

„Обидите да изнудат промена на власта во Каракас немаат ништо заедничко со демократскиот процес и тие само ги поткопуваат изгледите за политичко решение”, рече Лавров на заедичката прес-конференција со својот венецуелски колега Хорхе Ареаца во Москва.

Тој објасни дека кампањата без преседан во Вашингтон за соборување на легитимна влада е  грубо кршење на меѓународното право.

„За САД е специфично дека со децении ја проектираат моќта објаснувајќи дека носат добро, демократија и заштита на човековите права на државите против кои водат војна”, рече Лавров.

Лавров инсистира дека судбината на Венецуела треба да биде одлучена и создадена само од нејзиниот народ и дека сите политички сили во земјата треба да бидат вклучени во дијалогот.

Ареаца, за возврат, ѝ се заблагодари на Москва за поддршката на суверенитетот на Венецуела и на меѓународното право.

Повикот на Лавров до САД и нивните сојузници во однос на Каракас доаѓа пред неговата средба со државниот секретар Мајк Помпео во Финска денеска, на која се очекува да разговараат за ситуацијата во Венецуела и за други жаришта на светот.

„Соработката меѓу Русија и САД може да игра многу значајна и позитивна улога во решавањето на повеќето прашања ако ја градиме оваа соработка врз принципот на изнаоѓање заеднички пристап”, рече Лавров, прекорувајќи го Вашингтон за често нудење еднострани решенија.

Тој истакна дека и покрај несогласувањата околу Сирија, Авганистан, Северна Кореја и други жешки точки, Москва и Вашингтон одржуваат консултации за овие прашања на многу професионално ниво.

„Се надевам дека ќе преовлада здравиот разум”, рече Лавров.

Треба да знаете
Последни објави