Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека ситуацијата во регионот е многу сериозна и дека станува се покомплицирана, како и дека изборните игри во регионот во наредниот период ќе значат дополнителни напади врз Србија.
Вучиќ за ТВ Хепи изјави дека на Косово, како и во Босна и Херцеговина и други места во регионот се случуваат физички напади врз Срби и српски деца и дека „тоа само значи дека треба да најдеме излез од оваа ситуација и да бидеме попаметни“.
„На Бадник нападнаа српски деца и мене ми е интересно што никој, од ЕУЛЕКС, Американци, Германци, до канцеларијата на ОН на Косово не кажа дека биле нападнати две српски момчиња, туку државјани на Косово, две лица, никој не може да заклучи кој е напаѓачот“, рече Вучиќ.