Црногорскиот инфлуенсер и комичар, Јован Радуловиќ, му раскажа на тенисерот Новак Ѓоковиќ виц за неговите колеги Надал и Федерер.
Јован му пријде на Ѓоковиќ, го прегрна и му ја кажа шегата, по што двајцата слатко се изнасмеаа.
Инаку, Новак Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија во четвртокот од Белград замина во Црна Гора, поточно во Тиват. Тој го посети и тамошниот манастир Острог.