Џенифер Гарнер најубава жена во 2019 година, според „Пипл“

Холивудската актерка Џенифер Гарнер е прогласена за најубава жена за 2019 година, според магазинот „Пипл“. Списанието секоја година го прави изборот за најубава дама, а годинава изборот падна на Џенифер.

Поранешната сопруга на актерот Бен Афлек, која се најде на насловната страна на „Пипл“, вели дека ја знае тајната за безвремената убавина.

https://www.instagram.com/p/BwnnvXLp6Y7/?utm_source=ig_embed

„Веднаш откако ќе се вратам од некој настан или снимање, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да ја врзам косата и да ставам очила. Тоа е моето омилено издание и за мене тоа претставува комплимент“, вели Гарнер, која неодамна за магазинот „Харпер“ откри дека приватно не сака да се шминка.

Џенифер е на прагот на петтата деценија, а вели дека за нејзиниот изглед, голема заслуга имаат и нејзините три деца Вајолет (13), Серафина (10) и Семјуел (7).

Џенифер вели дека оваа ласкава титула за најубава жена, ја изненадила премногу. Таа не се смета за премногу убава, ниту пак размислувала на тој начин за себе.

Минатата година, за најубава жена во изборот на магазинот „Пипл“ беше избрана Пинк

Треба да знаете
Последни објави