Охриѓанец се степал со колега од навивачка група, па нападнал полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(18) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 06.04.2019 година во Охрид, во Спортскиот рекреативен центар „Билјанини извори“, при одржување на ракометен натпревар настанала физичка пресметка помеѓу две лица од навивачка група, по што пријавениот физички нападнал полицискиот службеник, кој преземал службени дејствија за воспоставување на јавниот ред и мир.

Треба да знаете
Последни објави