Mаж се бори за живот, паднал од мопед

На 31.08.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосница со кружен тек кај хотел во Кочани, Д.Е. (32) од Штип управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Треба да знаете
Последни објави