Раперот и претприемач Канје Вест се огласи со серија обвинувања против модната компанија „Гап“ и тврди дека гигантот за малопродажба го исклучува од состаноците и ги краде неговите дизајни за Беленсијага.
Вест (45), кој го објави својот прв заеднички производ со компанијата минатата година, ги сподели своите поплаки во серија објави на Инстаграм, кои сугерираат дека меѓусебниот однос со компанијата станал тежок.
Во објава на социјалната мрежа во вторникот, Канје напиша: „Компанијата одржала состанок за мене без мое присуство“. Покрај текстот сподели фотографија со облека расфрлана на под и очила за сонце.
Обвинувањата продолжија во средата, кога Канје ја обвини компанијата дека го копирала неговиот дизајн Yeezy Gap што го изработи „Беленсијага“ и го користи на нивните маици.
Тој објави и фотографија од наводно украдениот дизајн.
„Ова е Gap кој го копира YGEBB“, гласи една од пораките.